February 29, 2020 01:35
Македонија

Русковска: Парите од „Рекет“ најдени, еден осомничен сака спогодба со ОJO

Вештачењата кои беа направени последни донесоа важни докази. Имаше интерес кај некои од осомничените за спогодба, не се поднесе званично барање, но побараа спогодба. Ќе видиме што ќе биде. ..Парите биле пуштени во промет затоа ќе има обвинение за перење пари, изјави шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска вечерва пред Кривичниот суд.

Таа утре ќе поднесе обвинение за истрагата за „Рекет“ и ќе побара продолжување на мерката притвор за Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец. Таа вели дека остануваат истите квалификации за осомничените. Русковска потврди дека кај некој од осомничените имало интерес за склучување спогодба, но не сакаше да обелодени за кого станува збор.

Поврзани вести

Џафери не му даде на Милошоски да испука нова „бомба“ за Заев и Рекет

Igor

Прва пресуда за Рекет: Кичеец осуден на три години затвор

Igor

Рекет: Боки 13 доцнеше еден час, ама не е во можност да го следи судењето

Igor