April 20, 2021 10:23
Македонија

Русковска негираше, Маричиќ потврди дека таа е обвинителката со која разговарал во петокот пред бегството на Мијалков

Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал е обвинителот со кој министерот за правда, Бојан Маричиќ се сретнал во петокот и од кого дознал дека можно е бегство на Сашо Мијалков, дознава „А1он“.

Потврда за информацијата добивме и од Маричиќ, кој кажа дека бил на неформална средба со Русковска. Ова е спротивно на тврдењето на Русковска, која пред шест дена категорично негираше дека во петокот известила член на Владата за индициите за бегство на Мијалков.

Министерот Маричиќ за „А1он“ вели дека на средбата со Русковска во петокот се дискутирало за проблемите со кои се соочува Обвинителството од секаков аспект, а информацијата за можно бегство на Мијалков од Русковска, му била кажана како гласина која обвинителката ја слушнала, без да посочи извор.

Текстот во целост на: „А1он“