June 28, 2022 09:09
Економија Свет

Руски средства на француски Рено станаа државен имот и ќе произведуваат Москвич

Руските средства на францускиот производител Рено станаа државна сопственост, соопшти денеска Министерството за индустрија и трговија на Русија. Објавата е во момент кога странски компании ја напуштаат државата поради воената кампања на Москва во Украина.

„Потпишани се договори за трансфер на руски средства на групацијата Рено на Руската Федерација и владата на Москва”, се вели во соопштението на Министерството.

Ќе се произведуваат автомобили под историскиот бренд „Москвич”. Информацијата ја соопшти градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

„Странскиот сопственик одлучи да ја затвори фабриката на Рено во Москва. Тоа е негово право, но не можеме да дозволиме илјадници работници да останат без работа. Затоа решив да ја преземам фабриката под раковоство на градот и да го обновам производството на автомобили под историскиот бренд „Москвич””, пишува градоначалникот на својот блог.

go88 play đăng nhập go88 ra đời năm nào go88 mới nhất

sunwin tài xỉu