September 29, 2020 08:25
Магазин

Руски доктор: Не смее да се конзумира алкохол пред да се прими вакцината против Ковид-19

Алкохолот не треба да се конзумира на денот на вакцинирање против инфекција со коронавирус, бидејќи може да го ослабне имунитетот и ефектот на вакцината. Ова за РИА Новости го објави главниот специјалист за наркологија при Министерството за здравство на Руската Федерација Евгениј Брун.

„Мислам дека ниту еден лек, вклучително и вакцината против коронавирус, не е компатибилен со алкохол, бидејќи на прво место тоа е токсичен ефект, ослабен имунолошки систем и ослабена вакцина“, рече Брун.

Руското Министерство за здравство ја регистрираше првата вакцина во светот за спречување на СОВИД-19, изработена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија во Гамалеја, во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции.