June 28, 2022 08:50
Свет

Руските воени трошоци зголемени за 40 отсто

Трошоците за одбрана на Русија се зголемија за речиси 40 отсто во првите четири месеци од оваа година, покажуваат прелиминарните податоци на руското Министерство за финансии.

Русија потроши 1,7 трилиони рубљи (нешто повеќе од 25 милијарди евра) за одбрана помеѓу јануари и април, што е речиси половина од планираното за цела 2022 година.

Само во април Русија потрошила 628 милијарди рубљи (нешто повеќе од девет милијарди евра) на војската, што е за 128 отсто повеќе од истиот месец минатата година.

Министерството првично предвиде буџетски суфицит од 1 процент од БДП, или 1,3 трилиони рубљи (19 милијарди евра) за 2022 година. Но сега очекува дефицит од најмалку 1,6 трилиони рубљи или околу 23 милијарди евра.

https://go88.gg/

https://tai.sunwin.gg/