April 21, 2019 20:42
Свет

Рускиот митрополит Иларион бара операцијата за промена на полот да стане кривично дело

Висок претставник на Руската православна црква ги критикуваше операциите за промена на полот и повика на кривично гонење на родителите кои ги учат своите деца дека можат да го изберат својот пол, пренесува РТ.

„Ваквите операции се, според мое мислење и според мислењето на црквата, злосторство против Бога”, рече во интервјуто митрополитот Иларион Алфејев, раководител на Одделот за надворешни односи на Руската православна црква.

Тој објасни дека црквата не го признава новиот пол на лицето по операцијата за промена на полот.

Иларион потврди дека Руската православна црква никогаш нема да го признае како нормален таквиот животен стил во кој децата од лулка се учат дека постои биолошки пол и род што тие можат да го изберат”.

Тој нагласи дека родителите кои ги всадуваат овие идеи во главата на своите деца треба да бидат кривично гонети. Според Иларион, детето треба да почека до полнолетстви за да одлучи дали сака да остане како што го создал Бог или да го промени својот пол.

Во 2017 година, Руската православна црква го критикуваше законот воведен во Грција со кој им се дозволуваат операции за промена на полот на тинејџери на возраст од 15 години.

Во Русија, операциите запромена на полот се дозволени за граѓаните постари од 18 ако бидат дијагностицирани како транссексуалци.

Според експертите, транссексуализмот е ретка состојба која може да влијае на 1 од 30.000 до 1 во 100.000 случаи.

Нови вести

Излезни анкети: Зеленски победи на претседателските избори во Украина

Filip

Соборениот претседател на Судан претрпе мозочен удар

Filip

Џенингс: Извештајот на Малер ја откри катастрофалната политика на Обама кон Русија

Igor