June 25, 2022 22:55
Свет

Руската војска изврши ракетен напад на железничка станица во близина на Киев

Руската војска соопшти дека бомбардирала воен транспорт во близина на Киев, пренесе ДПА.

– Ракети со висока прецизност лансирани од море беа употребени за уништување на оружје и воена опрема на 10-та украинска јуришна планинска бригада од Ивано-Франковск на железничката станица Малин во регионот Житомир, кои требаше да бидат префрлени во Донбас, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Украински извори го пријавија бомбардирањето на малиот град претходната вечер, известувајќи за една жртва и неколку повредени.

Конашенков наведе и бројни руски ракетни и воздушни напади во источниот украински регион Донбас, додека го презентираше последниот извештај за ситуацијата. Таму, според него, биле гранатирани цели во селата Бахмут, Соледар, Берестове, Лиман, Ниркове и Закитне.

Покрај командните пунктови, складиштата за муниција и концентрациите на војниците, генерал-мајорот како цели ги наведе и „сообраќајните клучки”. Тоа веројатно биле железничките станици во градовите, пренесе ДПА.

Според руски податоци, во воздушните напади загинале повеќе од 230 украински војници, а 33 воени возила биле онеспособени. Покрај тоа, три борбени авиони и 13 беспилотни летала биле соборени од руската воздушна одбрана.

Овие бројки не може да се проверат од независни извори.

nạp go88 không nhận được tiền pay go88 go88 ở đâu

https://sunwin.fan/