Македонија

Руската амбасада: Изјавата на Петровска е изненадување, нема да ја нападнеме Украина

Руската амбасада во Скопје реагираше на вчерашната изјава на министерката за одбрана, Славјанка Петровска за можното вклучување на македонската армија во руско-украинскиот конфликт, доколку тоа го побара НАТО. Според амбасадата, ваквата изјава на министерката е „изненадување“.

-Го обрнуваме вниманието на апсолутно јасните изјави на руското раководство – Русија никогаш никаде не му се заканувала на украинскиот народ и нема намера да презема никакви агресивни дејствија. Со други зборови, нема да извршиме напад, инвазија или да ја погодиме Украина. Во однос на руските трупи – тие се движат низ сопствената територија и имаат целосно право на тоа, велат од Руската амбасада и додаваат:

-Што се однесува до Украина, Киев продолжува тврдоглаво да ги избегнува своите обврски од Договорите од Минск, кои вклучуваат, особено, воспоставување директен дијалог со Донецк и Луганск и внесување во Уставот посебен статус на Донбас. Доследно и целосно спроведување на „Пакетот мерки“ од Минск од 2015 година како безалтернативна основа за разрешување е неопходен услов за решавање на внатреукраинската криза.

Го гледаме ризикот дека Украина ќе стане поинтегрирана во НАТО, дури и без да добие формален статус на членка на алијансата. Тоа е она што директно влијае на безбедносните интереси на Русија. Постигнувањето на пресврт во оваа ситуација е во фокусот на нашето внимание. Ова е основата на нашите предлози за обезбедување цврсти, правно обврзувачки гаранции за безбедност од страна на САД и НАТО, стои во реакцијата на Амбасадата.

Од таму се надеваат дека „раководителката на Министерството за одбрана на РСМ ќе ја земе предвид реалната состојба при поставувањето на приоритетите за работата на министерството на чело со неа“.

Петровска вчера информира дека доколку НАТО побара од македонската армија да се вклучи во можниот конфликт на границата меѓу Русија и Украина, тоа може да се случи, но само со согласност на Владата и претседателот Стево Пендаровски.

Поврзани вести

Богоев: СДСМ покажа дека има план како да им помогне на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ како да им одмогне

Igor

Петков го повика Радев да свика Совет за безбедност за преговорите со Македонија

Igor

Почина едно лице, 86 нови случаи на Ковид-19

Igor

watch anime dub. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 3

sites to watch anime Black Clover

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2

AnimeHeaven Attack on Titan Final Season Episode 12

watch animes DARLING in the FRANXX

tải go88