July 11, 2020 15:06
Свет

Руската амбасада го критикуваше „Би-би-си“ поради филмот за Скрипал

Руската амбасада во Лондон го критикуваше „Би-би-си“ поради снимањето филм за наводното труење на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија минатата година во Солсбери.

„Би-би-си“ објави дека планира да го заврши филмот во мај оваа година, а според извештаите на медиумите, снимањето започнало кон крајот на октомври, пренесува ТАСС.

„Жално е што наместо да бараат од нивните власти да одговорат на многу прашања во врска со инцидентот, британските новинари го претпочитаат случајот во Солсбери во вид на игран филм“, изјави пред новинарите неименуван дипломат од руската амбасада во Лондон.

Тој додаде дека ова не само што не помага да се утврди вистината, туку помага во јавното мислење да се зацврсти „неодобрената и политизирана верзија“ на британските власти за случајот, пренесува ТАСС.