January 20, 2020 03:28
Свет

Руси паднаа од прозорец за време на секс, жената почина, а мажот преживеа и се врати на забавата

Двојка од Русија падна од прозорец на деветтиот кат на зградата додека имале секс. Жената починала на самото место, а нејзиниот партнер преживеал бидејќи паднал врз неа.

Несреќната жена (30) била пронајдена мртва во подножјето на станбениот блок во Санкт Петербург во ноќта на 5 јули за време на забава, која соседите ја опишале како „дива”.

Сведоците рекоа дека виделе дека од прозорецот на станот над нив бил фрлен телевизор, а потоа паднале жената и нејзиниот 29-годишен љубовник.

Локалните медиуми објавија дека жената починала на самото место, но дека мажот преживеал бидејќи паднал врз неа.

Според сведокот, полуголиот човек по падот станал и се вратил на забавата, пишува „Дејли мејл“.

На фотографиите објавени од локалните медиуми, може да се види дека мртвата жена била гола под половината.

Истрагата е во тек.

Нови вести

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Igor

Во Либија има оружје за повеќегодишна војна

Igor

Усогласен финален документ од конференцијата за Либија

Igor