Свет

Руси веслале со лопата за да преживеат во Пацификот

Тројца Руси кои со моторен чамец пловеле во Тихиот Океан се нашле во незавидна ситуација кога чамецот им се превртел , но откако се бореле шест дена со немирните води, двајца од нив успеале да се вратат на копното веслајќи со лопата, пренесува РТ.

Во март, тројцата пријатели тргнале со моторен чамец од Петропавловск-Камчатски кон Уст-Камчатск на Далечниот Исток на Русија. Но, кога биле на 150 километри од брегот, чамецот бил превртен од брановите.

Само двајца од нив успеале да се вратат на чамецот, додека нивниот пријател исчезнал во турбулентните води. Чамецот пловел, но моторот престана да работи. Ситуацијата била страшна, бидејќи чамецот немал со весла.

Но снаодливите Руси нашле лопата на чамеоцот и ја искористиле за да се вратат назад кон копното. Тие се вратиле на брегот целосно исцрпени шест дена подоцна.

За среќа, нивниот водоотпорен телефон исто така го преживеал тешкото искушение и тие успеале да ги повикаат службите за итни случаи. Спасувачите морале да поминат 50 километри од крајбрежјето за да ги откријат потресените мажи и да ги доведат на безбедно, но обидите да го најдат нивниот пријател досега биле залудни.

Нови вести

Земјотрес од 5,1 степен ја погоди Јапонија, нема предупредување за цунами

Daniela

Во Кина има речиси милион здравствени установи

Daniela

Лион: Најмалку 13 повредени во експлозијата на пакет-бомба

Daniela