October 15, 2019 23:50
Свет

Русија ќе ги вооружува и космонаутите?

Огненото оружје би можело да влезе во арсеналот на руските космонаути до 2021 година, вели директорот на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин, пренесува „Спутник“.

„Во тек е тестирање. Прашањето може да бидерешено за година и пол“, рече Рогозин.

Тој нагласи дека Балтичкиот државен технички универзитет „Военмех“ во Петерсбург претставив денес повеќецевен пиштол кој може да има различни функции- плашење животни, сигнални функции.

Освен тоа, шефот на корпорацијата потсети дека космунаутите и претходно носеле такво оружје, а пиштолот „макаров“ бил стандардно оружје на космонаутите во времето на СССР.

„Поради фактот дека повеќето летови се префрлаат од космодромот „Бајконур“ на „Восточни3, кој се наоѓа во слабо населен шумовит регион, космонаутите сега се заинтересирани за комплетно вооружување,“ посоли тој.

Вчера беше објавено дека „Роскосмос“ го проуува прашањето за враќање на оружјето на космонаутите за вонредни случаи при враќањето на Земјата, рече шефот на космонаутите, Олег Коноњенко. Според Коноњенка, „Роскосмос“ засега размислува дали треба да преземе такви мерки зашто сето тоа чини дополнителни средства.

Нови вести

Лекари без граници се повлекуваат од Сирија

Igor

ЕУ: Ирското Море ќе биде граница после Брегзит

Igor

Протест на Каталонците во Брисел, протестираше и Пучдемон

Igor