December 5, 2022 09:53
Свет

Русија ќе бара состанок на Советот за безбедност на ОН во врска Северен тeк

Русија денеска соопшти дека ќе побара свикување седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, во врска со инцидентот околу истекувањето на гасоводот „Северен поток” што ги поврзува Русија и Германија.

„Русија има намера да свика официјален состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со провокациите во врска со гасоводите ‘Северен поток 1’ и ‘Северен поток ‘”, посочи портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, преку соопштение објавено на социјалните мрежи.

Преходно Москва ги отфрли обвинувањата за одговорност за истекувањето гас од гасоводот.