November 29, 2022 06:10
Свет

Русија ја призна независноста на Доњецк и Луганск

Русија ја призна независноста на Народните Републики Доњецк и Луганск во границите од 2014 година, објави Кремљ.

„ Русија ги признава Народните републики Доњецк и Луганск во границите на 2014 година“, рече Песков за новинарите на прашањето дали новите територии ќе и се придружат на Русија како целина или само во делови контролирани од руските вооружени сили.

„ Луѓе кои се однесуваат неодговорно и зборуваат за нуклеарна ескалација. Не сакаме да ја развиваме оваа тема. Ги повикуваме сите да се однесуваат одговорно. Киев ја напушти преговарачката патека, барањата на Москва не се менуваат, специјалната воена операција ќе продолжи. Москва евентуалните украински удари на териториите кои ќе станат дел од Руската Федерација ќе ги смета за акт на агресија против Русија“, изјави Дмитриј Песков.

„ Шефовите на регионите ДНР, ЛНР, Херсон и Запорожје ќе учествуваат во потпишувањето на четири договори за прием на нови субјекти во Руската Федерација“, додаде Песков.

Републиките Доњецк и Луганск и украинските региони Запорожје и Херсон одржаа референдуми за приклучување кон Русија од 23 до 27 септември, при што мнозинството гласаше за приклучување кон Русија. Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на регионите Херсон и Запорожје како независни територии.

Рускиот претседател денеска на церемонија во Москва ќе ги потпише документите за пристапување кон Русија на украинските територии на кои се одржа референдумот.

ДПР и ЛНР прогласија независност од Украина во 2014 година, откако одржаа референдум за самоопределување.