August 8, 2022 18:26
Свет

Русија уништила хангар со украински беспилотни летала „Бајрактар“ кај Одеса

Русија со помош на високопрецизни ракети „Оникс“ уништи хангари каде што имало беспилотни летала „Бајрактар“ во близина на Одеса, како одговор на нападот на украинските сили на нафтени платформи во Црното Море, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Како одговор на саботажата на режимот во Киев, крстосувачки ракети ‘Оникс’ на воениот аеродром Школни во областа Одеса уништија хангари на украинските беспилотни летала ‘бајрактар ТБ2’, кои беа идентификувани од руската извидничка опрема“, се вели во соопштението на Министерството.

Украинските сили вчераутро извршиja напад на платформи за дупчење на компанијата за нафта и гас на Крим „Черноморнефтегаз“, изјави лидерот на Крим, Сергеј Аксјанов.