February 23, 2019 20:23
Свет

Русија „пробно” го запира интернетот

Русија планира накратко да се исклучи од интернет, како дел од планираната кибер војна во иднина, соопшти Би-Би-Си.

Тоа значи дека податоците, кои поминуваат меѓу руските граѓани и организациите, ќе останат во земјата, наместо да се пренасочат меѓународно.

Минатата година во рускиот Парламент беа претставени законски измени, со кои ќе се овозможат технички промени, дозволувајќи самостојно функционирање.

Се очекува тестирањето да се случи пред 1 април, но, се уште нема точен датум. Предлог-законот се нарекува Национална програма за дигитална економија и бара од руските интернет-провајдери да обезбедат дека тие можат да работат дури и ако надворешните сили дејствуваат да ја изолираат земјата онлајн.

НАТО и нејзините сојузници се закануваат дека ќе ја казнат Русија поради кибер-напади и друга вид онлајн интервенција, за што земјата редовно се обвинува.

Мерките опишани во законот ја вклучуваат Русија, која гради сопствен систем на адреси, познат како DNS, така што може да работи дури и ако интернационално поставените сервери се нарушени.

Related posts

Силниот земјотрес од 6,5 степени зема неколку жртви

24news

Путин потврди дека ги игнорира телефонските повици на Порошенко

Valentina

Девојче посака да се вози на претседателската јахта, Путин ќе ѝ ја исполни желбата

Valentina