December 3, 2022 09:06
Свет

Русија: Привремено го задржавме на сослушување шефот на нуклеарната централа

Руските власти ја информираа Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека шефот на украинската нуклеарна централа Запорожје, која беше окупирана од Русите, е „привремено задржан на сослушување“, пренесува „Ројтерс“.

Нуклеарното тело на Обединетите Нации побара објаснување од руските власти откако Ихор Мурашов беше приведен на пат од најголемата европска нуклеарна централа кон градот Енерходар во петокот околу 16 часот.

Петро Котин, шефот на украинската компанија за атомска енергија, рече дека неговото притворање „ја загрозува безбедноста на работата на Украина и најголемата нуклеарна централа во Европа“.

„Тој беше извлечен од автомобилот и со врзани очи и одведен во непознат правец“, напиша Котин на апликацијата Телеграм, додавајќи дека во моментот нема информации за судбината на Мурашов.