June 21, 2021 19:05
Свет

Русија пресретна четири странски авиони во еден ден во близина на своите граници

Руски ловец „миг-31“ денеска пресретна патролен авион на норвешките воздушни сили „орион“ над Баренцовото Море, кој се движел кон руската граница, соопшти руската Северна флота, пренесува „Спутник“.

Според Северната флота, над Баренцовото Море била забележана воздушна цел која се движела кон руската граница.

„За да се идентификува воздушната цел и да се спречи нелегалното преминување на државната граница, беше ангажиран борбен авион ‘миг-31’ . Екипажот на рускиот ловец ја идентификуваше воздушната цел како базен патролен авион ‘П-3С орион’ на норвешките воени сили и го придружуваше над водите на Баренцовото Море“, изјавија од Северната флота.

Откако авионот се оддалечил од руската граница, ловецот „миг-31“ се вратил на својот матичен аеродром.

Ова е четврти странски воен авион пресретнат близу до руската граница во еден ден. Пред тоа, руски ловец „сухој су-30“ пресретнал три воени авиони на Франција над Црното Море.

Руските радари претходно денеска откриле воздушни цели кои се приближуваат кон руската граница над неутралните води на Црното Море.

„Испратен беше ловец ‘су-30’ да ги идентификува целите и да спречи нелегално преминување на границата. Екипажот на рускиот ловец ги идентификуваше воздушните цели како два тактички авиони ‘мираж-2000’ и еден танкер за воздушно полнење ‘С-135’ на француските воздухопловни сили, и ги придружуваше над Црното Море“, информираа од рускиот Јужен воен округ, нагласувајќи дека било спречено какво било илегално преминување на руската граница.

AnimeDao animedao my hero: Watch The Quintessential Quintuplets 2 Episode 2 (https://animedao.nl/m/229q/ep-2)

AnimeFreak anime freak: Watch Naruto: Shippuden (Dub) Episode 443