October 18, 2021 13:21
Свет

Русија почна подготовки за испраќање човек на Месечината

Русија почна со подготовки за испраќање човек на Месечината и веќе се издвоени средства за овој проект, се наведува во документот објавен од „Роскосмос”.

„Роскосмос” објави тендер за проучување на проблематични прашања за организација на летови со екипаж до Месечината, а на крајот од тој процес треба да се направат списоци со барања кои вселенската технологија треба да ги задоволи за организација на такви мисии.

Цели на истражувањето се: да се дадат предлози, препораки, барања за перспективни технологии, за елементи на ракетна и вселенска технологија, што обезбедува сигурна реализација на летови со луѓе до Месечината, работа на космонаути во орбитата на Месечината и површината на Месечината.

Истовремено, треба да се земе предвид потребата за решавање на медицинско-биолошките проблеми, се наведува во документот. Вкупната вредност на договорот е 1,7 милијарди рубљи (23,4 милиони долари).

Официјалните документи на Роскосмос укажуваат дека првите летови до Месечината ќе бидат изведени со ракетата Ангара, користејќи мал транспортен брод.

Watch anime online for free at Animepahe anime streaming

Majuu Senshi Luna Varga (https://kissanime.mx/m/VZgY) Episode 4

AnimeBee: Little Busters! EX anime episode 8 online free at https://animebee.to watch animes

Watch Fairy Tail Final Series Episode 51

Bitsdujour: https://www.bitsdujour.com/profiles/egSuTy

About: https://about.me/gogoanimelol