October 29, 2020 18:49
Свет

Русија побара веднаш прекин на огнот меѓу Азербејџан и Ерменија

Официјална Москва побара од Ерменија и Азербејџан веднаш да воспостават прекин на огнот.

– Ги повикуваме сите актери, и внатрешни но и надворешни, да покажат максимална воздржаност и на терен и во меѓусебната комуникација. Неопходна е максимална внимателност, со цел веднаш да се воспостави прекин на огнот и враќање на преговарачка маса, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко.

Коментирајќи го судирот меѓу Азербејџан и Ерменија во областа Нагорно Карабах, портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков истакна дека Москва е во близок контакт со Анкара поради тензиите во регионот.