August 22, 2019 09:29
Живот

Русија отвора нова истрага за мистериозната смрт на студентите на Урал пред 60 години

Русија повторно отвора истрага за студентите кои пред 60 години загинаа на Урал. Несреќата се случила во 1959 година кога група од десет студенти, осум момчиња и две девојки, тргнале на кампување на Урал, Русија. Тие за 16 дена требало да поминат 300 километри.

Еден од нив се разболел и се вратил дома. Останатите продолжиле, а целта им била да се искачат на Отортен, еден од најопасните врвови на Урал. Експедицијата ја предводел Игор Дјатлов.

По една недела од експедицијата, никој од останатите девет членови не се јавил на семејствата и тогаш почнала потрагата. По исчезнатите трагале припадници на полицијата и војската. По шест дена, петмина планинари биле пронајдени во шума, а по останатите четворица се трагало уште два месеца. Нивните повреди биле стравични. Некои од нив ги изгубиле очите, устите и голем дел од лицата.

Местото каде што загинале студентите е наречено Дјатлов премин во чест на водичот Игор Дјатлов.

Како што јави Си-ен-ен, Русија по 60 години повторно отвори истрага за случајот. Претставник на регионалното обвинителство, Андреј Курјаков, на конференција за новинари рече дека во истрагата ќе биде вклучена и современа технологија која се очекува да даде одговори на многу прашања.

Низ годините се појавија бројни теории на заговор, а Си-ен-ен пишува дека има дури 75. Една од првите беше дека планинарите биле нападнати од домородци од племето Манси, но форензирачите утврдиле дека такви повреди какви што имале студентите не можело да нанесе друго човечко суштество.

Прашањето кое се поставува е дали некогаш ќе биде откриена вистината. Резултатите од истрагата се прогласени за тајни уште во 1959 година, а помал дел од нив беа објавени во 90-тите години.

Нови вести

На 61 година изгледа како девојка – времето како да запрело за неа

24news

Лима гола во кревет со ружи кои ѝ ги испратил милијардер, а сите се прашуваат дали има гаќички

24news

Куче починало 15 минути по неговиот сопственик кој боледувал од рак

Filip