August 20, 2022 01:46
Свет

Русија: Обвинувањата за насилство врз деца во Украина се апсурдни

Сите обвинувања против руските војници дека извршиле насилство врз деца во Украина се апсурдни, изјави денеска рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја, на состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на хуманитарната ситуација во Украина.

„Денеска уште еднаш слушнавме голем број наши колеги кои ги обвинуваат руските војници дека извршиле акти на насилство, вклучително и сексуално насилство, врз деца. Ова го слушнавме од нашите британски колеги и од други. Овие обвинувања се, во најмала рака, апсурдни“, нагласи рускиот амбасадор, а пренесе агенцијата ТАСС.

Рускиот амбасадор во ОН, исто така, рече дека неговото тврдење е поткрепено со фактот што украинската комесарка за правата на децата, Дарја Херасимчук, во неодамнешно телевизиско интервју изјавила дека Државното обвинителство во Киев нема потврдени докази за барем еден таков случај, наведе руската агенција.