September 19, 2019 12:59
Свет

Русија нуди државјанство на три милиони Украинци

Москва денеска понуди државјанство за околу три милиони Украинци од регионот на границата со Русија, кој е погоден од воени судири. Потегот ги разлути Киев и Европската унија.

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна програмата оваа година заради забрзување на процесот за добивање државјанство за жителите на украинските региони Доњецк и Луганск, каде во последните пет години има судири меѓу украинската војска и проруските бунтовници, пренесува Хина.

Украина се закани дека ќе го одземе украинското на оние кои ќе земат руско државјанство, а ЕУ најави дека нема да ги признава руските пасоши добиени преку таа програма.

Судирот меѓу Украина и Русија почна во 2014 година откако Украинците го симнаа од власт прорускиот претседател и се звртија кон Запад. Според податоците на ОН, во судирите досега загинале околу 13.000 лица. 

Нови вести

Трамп: САД можат да влезат во која било земја само со еден телефонски повик

Valentina

Џон Болтон: Обидите на Трамп за преговaрање се осудени на пропаст

zane

Американски генерал: Предноста на НАТО во однос на Русија се истопи

zane