February 3, 2023 11:31
Свет

Русија: Неприфатлив е условот да ја повлечеме војската од Украина за да преговараме

Русија соопшти дека го отфрла барањето на Западот за целосно повлекување од Украина како дел од преговорите за завршување на војната.

Вчера, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повтори дека претседателот Владимир Путин останува отворен за разговори, но oти барањето на Западот, Москва прво да ги повлече своите трупи од Украина, е неприфатливо.

Изјавата на Песков се случи додека Путин разговараше по телефон со германскиот канцелар, Олаф Шолц во петокот наутро.

Кабинетот на Шолц соопшти дека тој јасно му ставил до знаење на Путин „дека мора да има дипломатско решение што е можно поскоро, кое вклучува повлекување на руските трупи“.