December 9, 2022 01:01
Свет

Русија нема да издава пасоши на државјани кои добиле повик за мобилизација

Русија повеќе нема да им издава пасоши на граѓаните мобилизирани од армијата, соопштено е денеска преку информативната веб-страница на руската Влада.

„Ако некој граѓанин веќе е повикан за воена служба или има покана (за мобилизација или регрутирање), неговиот меѓународен пасош ќе биде одбиен, се наведува на интернет-сајтот.

Одлука е објавена откако десетици илјади луѓе веќе отпатуваа во странство.

Указот за делумна мобилизација на 21 овој месец ја издаде претседателот на Русија, Владимир Путин.

Откако беше најавена мобилизацијата, низ Русија беа одржани демонстрации на кои беа уапсени неколку илјади луѓе.