December 3, 2022 10:23
Балкан

Русија му рекла на Вучиќ да си даде оставка ако разменува територии со Косово

Русија не прифаќа поделба на Косово и подготевена е тоа да го спречи во Советот за безбедност на Обединетите нации !

Ваква порака од Москва на претседателот на Србија Александар Вучиќ му донел министерот за надоворешни работи на Русиај, Сергеј Лавров при вчерашната посета на Белград, пишува „Директно.рс“

Доколку Вучиќ остане на ветувањето кое му го дал на Ричард Гренел пред средбата со косовската делегација во Вашингтон најавена за 27 јуни, Москва смета дека логично е да си поднесе оставка  и да распише предвремени претседателски избори за да провери колкава е поддршката кај народот за ваквото решение.

Во разговорот кој траел подолго од предвиденото, поради што доцнела и закажаната прес-конференција Лавров јасно му порачал на Вучиќ : Нема тргување со косово за сметка на евро-интеграциите, нема да има столица за Косово во ОН и нема да се дели Косово.