February 18, 2020 06:16
Балкан

Русија модернизира шест белоруски воени авиони за извоз во Србија

Русија ќе и помогне на Белорусија во ремонтот и модернизирањето на шест авиони ловци МиГ-29 на ниво на МиГ-29 М2 за извоз во Србија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, ова се авиони кои Минск ги донираше на Белград, а кои во моментов се наоѓаат во Белорусија и кои треба да и бидат доставени на Србија во наредниот период.

– Ние им помагаме на Белорусите во ремонтот и модернизацијата на авионите МиГ-29 на ниво на МиГ-29 М2, изјавија анонимни руски извори.

Инаку, Русија и има испорачано на Србија шест борбени авиони МиГ-29 од арсеналот на своите воздухопловни сили.

Пред донациите од Москва и Минск, српските вооружени сили имаа четири авиони од овој тип, набавени уште од времето на ЈНА (Југословенска народна армија), така што, со руските и белоруските донации, ќе имаат ескадрила на суперсонични авиони со 14 МиГ-29.