February 2, 2023 02:17
Свет

Русија и Украина денеска ќе разменат по 60 заробени војници

Русија и Украина се подготвени денеска да разменат по 60 воени заробеници, изјави прорускиот лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин.

Пушилин на Телеграм напиша дека денеска се случува уште една размена на заробени војници со Украина по принципот 60 за 60.