February 20, 2020 05:00
Спорт

Русија заврши со одбрана на титулата во „Стожице“

Актуелниот европски првак во одбојка Русија го заврши патешествието со одбраната на титулата во четвртфиналето на ЕП. Русија изгоре во „Стожице“ во дуелот со домашната селекција на Словенија 3:1 во сетови.  Русите важеа за фаворити, но не успеаја да излезат на крај со мотивираните домаќини и пеколната атмосфера во салата.

Првите два сета ги доби Словенија со 25-23 и 25-22. Русија се врати во игра во третиот сет 25-21, но во четвриот сет Словенците им го зададоа решавачкиот удар 25-21.

Во полуфиналето се пласираше и Полска, која ја победи Германија со 3:0  25-19, 25-21, 25-18).