February 23, 2019 08:23
Свет

Русија го покажа мистериозниот ласерски топ кој уништува цели за помалку од секунда

Рускотo министерство за одбрана преку неговите профили на социјалните мрежи го претстави моќното ласерско оружје Peresvjet кое за помалку од една секунда ја уништува целта, пренесува Daily Mail.
Оружјето, што е именувана по православниот свештеник Александар Пересвјет, кој се спротиставил на татарските војски, руската армија наводно веќе го користи, но не е познато колку е моќно бидејќи Русите не откриваат што може да направи. токму, можат да работат.

Рускиот заменик-министер за одбрана и вселенска индустрија, Јуриј Борисов во понеделникот изјави дека Peresvjet може да неутрализира цели за помалку од една секунда.

Рускиот претседател, Владимир Путин во март годинава за време на своето обраќање до нацијата рече дека Русија има направено значителен напредок во развојот на ласерски оружја и дека во тој поглед се „пред ривалите”. Путин потоа рече дека не е време да каже повеќе, но дека „експертите ќе знаат дека одбранбените капацитети на Русија се удвостручени“.

Related posts

Ким наредил подготовка за нова средба со Трамп

Igor

Парли: ИД не е избришана од картата

Igor

На повидок предвремени парламентарни избори во Шведска

Filip