February 23, 2020 23:47
Свет

Русија бара Стејт департментот да ја откаже екстрадицијата на рускиот експерт во САД

Руски дипломати го посетија Стејт департментот на САД поради приведувањето на вработен во руската корпорација „ЈСЦ Јунајтед енџин“, Александар Коршунов, во Италија и побараа наредбата за негова екстрадиција во САД веднаш да биде отповикана, пренресува ТАСС.

„Дипломатите на руската амбасада го посетија Стејт департментот поради апсењето на рускиот државјанин Александар Коршунов од страна на италијанските власти на барање на САД. Изразивме одлучен протест против тие незаконски дејствија. Баравме објаснување за причините за неговото притворање и веднаш да биде повлечена наредбата за екстрадиција на нашиот сонародник“, се вели во соопштението на амбасадата.

„Ваквата погрешна практика на американските власти за пронаоѓање руски граѓани низ целиот свет е недопуштена. Ова е спротивно на меѓународното право и дополнително ги поткопува руско-американските односи и ги прави непредвидливи“, се вели во изјавата.

Руското Министерство за надворешни работи претходно потврди дека рускиот државјанин Александар Коршунов е уапсен на аеродром во Неапол по барање на САД.