Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Москва бара од Вилнус да ја укине забраната за железнички транзит на стока до енклавата Калининград на Балтичкото Море, во спротивно, како што наведоа, го задржува правото да возврати соодветно.
„Во тој поглед, истакнавме дека доколку транзитот на стока меѓу Калининградската област и остатокот од Русија преку Литванија не биде целосно обновен, Русија го задржува правото да преземе мерки за заштита на своите национални интереси”, се вели во соопштението на руското Министерство.