August 21, 2019 05:11
Свет

Русија: Америка настојува намерно да предизвика војна со Иран

САД намерно настојуваат да предизвикаат војна со Иран, изјави официјален претставник од руското Министерство за надворешни работи, коменриеајќи го соопштението на САД дека ќе испратат дополнителни илјада војници на Блискиот Исток.

Русија, која важи за близок сојузник на Иран, се бори заедно со иранските сили во Сирија.

САД неделава објавија дека ќе испратат дополнителни илјада војници на Блискиот Исток како одговор на нападите врз двата нафтени танкера во Оманскиот Залив. САД го обвинија Иран дека извршил нападите, додека иранските власти категорично го негираа тоа.

Обраќајки им се новинарите, заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјбков рече дека веќе долго време може да се забележи постојан политички, психолошки, економски и воен притисок на САД врз Иран.

„Верувам дека ваквиот начин на реакција, на некој начин е провокација. Не може да се сфати никако поинаку освен како настојување да се предизвика војна“, рече Рјабков, а пренесе државната агенција „Тасс“.

Нови вести

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Filip

Италијанскиот претседател Матарела од утре почнува консултации со лидери на партии

Filip

Лекари без граници: Потона брод со 100 мигранти во близина на Либија

Filip