January 16, 2021 07:25
Свет

Русите успешно тестирале нов балистички проектил

Руските воено-воздухопловни сили на полигонот „Сари Шаган” во Казахстан успешно тестираа нова балистичка ракета на рускиот систем за противракетна одбрана, соопшти руското Министерство за одбрана.

Новата ракета на рускиот систем за противракетна одбрана со сигурност ги потврди своите карактеристики во серија тестови, јави Тасс.

Претходно тестирање, на истиот полигон во Казахстан, на новата балистичка ракета беше направено кон крајот на октомври.