June 27, 2022 22:14
Македонија

Русите тврдат дека над 20 македонски „платеници“ досега загинале во борбите во Украина

Дваесет и еден платеник од Македонија е убиен од почетокот на „специјалната воена операција“ во Украина, покажуваат податоците од Министерството за одбрана на Русија објавени на редовниот брифинг со новинарите утрово.

Од 24 февруари, кога почнаа нападите од Русија, во Украина се регистрирани 79 наемници од Македонија, од кои 19 во меѓувреме ја напуштиле земјата, а во моментов има уште 39, покажува деталната табела по држави објавена од Министерството.

Според неа, во досегашните речиси четири месеци во Украина дошле за да војуваат 6.956 платеници од странство, од кои животот го загубиле 1956, заминале 1.779, а останале 3.221.

Рекордер по бројот на наемници е Полска со 1.831, од кои 378 загинале, 272 ја напуштиле земјата, а 1.181 и понатаму војуваат во Украина, тврди руското Министерство за одбрана.

Поврзани вести

Изгласани законските измени- трговците во туристичките места ќе работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница

Igor

Вархеји: Нема веќе пречки за Македонија, Бугарија го прифати решението

Igor

Во последните три дена 180 ковид-позитивни, оздравени 153, починати нема

Valentina

https://go88.gg/

hack sunwin Tải Sunwin APK IOS 2022 mới nhất | Đánh giá cổng game SUNVN sunwin êx