March 6, 2021 13:04
Спорт

Румениге: Чеферин разгледува одржување на ЕП со еден домаќин 

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин разгледува одржување на претстојното Европско првенство (ЕП) во една, наместо во 12 држави, како што првично е планирано.

Ова, синоќа го изјави првиот човек на европскиот првак Баерн Минхен, Карл – Хајнц Румениге, а Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) не ги демантираше неговите наводи.

-Во оваа фаза немаме информации што би можеле да ги споделиме, соопшти УЕФА, откако Румениге во изјава за германските медиуми рече дека Чеферин ја разгледува можноста за еден домаќин на завршниот турнир од 11 јуни до 11 јули

 -Знам дека претседателот на УЕФА Александар Чеферин, кој е исклучително внимателен во врска со коронавирусот, размислува дали можеби е поразумно, во време на пандемија, турнирот да се организира во само една држава, изјави Румениге.

Според првичниот планУЕФА одреди 12 градови – домаќини на ЕП во во исто толку држави, а одлуката поединечно за секој град треба да биде донесена до 5 март. Во опција се четири сценарија, од максимална исполнетост на стадионот до натпревари без навивачи.

The Day I Became a God Episode 12 at AnimeFreak anime freak one piece

Re:ZERO -Starting Life in Another World- Season 2 (Dub) Episode 13 at ANIMEFLIX animeflix banana fish