August 19, 2022 13:56
Македонија

Ружин: Македонскиот јазик е заштитен со францускиот предлог

Самиот предлог предизвика голем број контрасти и емоции што е разбирливо. Секое навлегување во идентитетот претпоставува емотивна реакција кај граѓаните. Можноста за текстот предизвика кај луѓе што ги ценам. Сепак би поставил прашање – што ако немавме никаков предлог и дали ќе мрднеа некакви работи? Од страна на ЕУ бшеше изготвен овој предлог за да се излезе од таквата состојба, за да се најде излез, смета дипломатот и универзитетски професор Нано Ружин на темата француски предлог за кревање на ветото од Бугарија.

Тој додава дека во предлогот од Париз, „некои работи не ни се допаѓааат, некои се прифатливи“.

-Прашањата од идентитетот и јазикот мора да бидаат надминати, бидејќи не се прифатливи и се нашите црвени линии. Мислам дека јазикот е заштитен со овој француски предлог. Секогаш се знае дека никогаш не можете да бидете победник во дипломатско договарање. Не постои вин-вин, но не треба да се прифати дека услов за отпочување на преговорите е да влезат Бугарите во уставот. Тоа ќе го закочи процесот оти немаме две-третинско мнозинство во Собранието, рече Ружин во емисијата „Клик плус“.

Професорот е убеден дека Макрон нема големо познавање на Преспанскиот договор и затоа го употребил терминот „северномакедонци“.

-Француската амбасада е директен претставник на Макрон и го демантираше, истакна Ружин.