August 2, 2021 21:45
Хроника

РСБСП: Статистиката потврдува – мотоциклистите и понатаму најранлива група на учесници во сообраќајот

 Од 125 лица, кои минатата година го загубиле животот во сообраќајни незгоди, дури 18 се мотоциклисти, информираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, нагласувајќи дека црната статистика е загрижувачка.

Покрај тоа, во 2020 година, тешко биле повредени вкупно 158 мотоциклисти.

– Состојбата со безбедноста на мотоциклистите во сообраќајот дополнително загрижува ако се има предвид фактот дека во Северна Македонија мотоциклите претставуваат околу 2 проценти од вкупниот број возила- учесници во патниот сообраќај, а  минатата година, околу 15 отсто од вкупниот број на загинати лица во сообраќајни незгоди се мотоциклисти.  Дополнително треба да се потенцира дека, и покрај тоа што не постојат законски ограничувања, сепак, поради временските услови, мотоциклистите учествуваат во сообраќајот само шест месеци во годината, нагласуваат од РСБСП. Несоодветната брзина на возење и неупотребата на заштитна опрема и заштитен шлем се издвојуваат како главни причини за трагичните последици од сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклистите.

– Дополнителен ризик фактор претставува и односот на останатите учесници во сообраќајот кои не внимаваат на мотоциклистите и не ги почитуваат како рамноправни учесници во сообраќајот, потенцираат од РСБСП.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги советува мотоциклистите да ја намалат брзината, да ги користат трепкачите, да одржуваат безбедно растојание, да ги избегнуваат „мртвите агли”, да не возат под дејство на алкохол и други психотропни супстанци, да бидат концентрирани и внимателни, да не возат кога се заморни и да прават почести паузи.

– Вистинските мотоциклисти се внимателни и одговорни учесници во сообраќајот,  секогаш ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и редовно користат кацига и друга заштитна опрема. Биди  вистински мотоциклист, апелираат од РСБСП.

KissAnime Watch anime online, English anime online HD. New Game! (https://kissanime.mx/m/7be) Episode 12

AnimeBee Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Watch Date A Live II Episode 10

https://aniwatch.pro dubbed anime. Digimon: The Movie (Dub) (https://aniwatch.pro/m/LG8M) Episode Full

KissAnime Mentaframework: http://recipes.mentaframework.org/user/edit/134232.page