February 21, 2020 05:47
Магазин

Роџер Федерер ќе стане прв милијардер во тенисот

Роџер Федерер пред крајот на годината ќе влезе во клубот милијардери спортисти, во кој се Мајкл Џордан, Тајгер Вудс, Флојд Мејведер, објави Бизнис инсајдер.

Дваесеткратниот Гренд Слем шампион во моментов е трет најдобар машки играч во светскиот тенис, рангиран малку подолу од неговиот највисок рекорд од вкупно 310 недели како број 1.

Во текот на престојот на врвот на својата професија, швајцарскиот играч генерираше куп пари од наградни фондови на турнирите во кои учествуваше, како и од спонзорски договори со сини чипови.

Официјалните бројки на АТП, посочуваат дека Федерер заработил неверојатни 129 милиони долари со неговите успеси во тенисот во синглови и двојки.

Но, оваа цифра бледее во споредба со она што тој го заработил од неговиот договор со јапонскиот производител на облека Uniqlo и партнерства со Кредит Свис, Мерцедес Бенз и Ролекс.

Годишните приходи на Федерер, вклучително и парични награди и спонзорства, достигнуваа 93,4 милиони американски долари.

Тенис.ком додава дека со договорот со Најк – инвестиција во фирма за спортски патики Он (On) – и пари добиени од егзибициони тури, „заработката на Федерер во и надвор од тениските терени се приближува на 900 милиони долари, плус 200 милиони долари од спонзори.“

Доколку Федерер стане милијардер, тоа ќе биде првпат спортист кој се натпреварува во тенис да ја надмине бариерата, додава Tennis.com.

Федерер (38) ќе им се придружи на другите спортисти милијардери, меѓу кои се Џордан, Вудс и Мејведер.

Швајцарецот моментално во Мелбурн се подготвува за првиот гренд слем настан во годината – Австралија опен 2020 година – турнир кој на победникот во синглови поединечно му доделува 2,83 милиони долари.