October 24, 2020 08:31
Спорт

Роџерс: Ми требаа 13 години да организирам ваква игра

Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс кажа дека му требало многу време за вакво издание на неговата екипа.

Лестер го победи Сити со 5:2 на гости, во третото коло во Премиерлигата.

-За да го победите Манчестер сити, треба да трчате без да застанете. Значи, ова бара соодветен став. Тактички бевме дисциплинирани, а поради пресингот моравме брзо да се ослободуваме од топката. Покажавме добра присебност, останавме смирени и докажавме дека можеме да им создадеме проблеми. Ова е одличен перформанс и одличен резултат. Ми требаа 13 години за да поставам ваква игра. Јас сум секогаш за напад, за агресивна игра. Но, треба да размислите и како на друг начин можете да го постигнете посакуваниот резултат на вакви натпревари, изјави Роџерс.

Под негово водство Лестер ја отвори сезоната со три победи од три натпревари и е лидер на табелата во Англиското фудбалско првенство