February 22, 2020 06:56
Свет

Рохани се закани: Европските војници може да бидат во опасност

Иранскиот претседател Хасан Рохани предурпеди дека европските војници распоредени на Блискиот исток можеле да бидат во опасност.

Трите европски земји, кои го потпишаа меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран – Франција, Велика Британија и Германија, покренаа механизам за решение на спорот предвиден со договорот, со што би го принудиле Техеран да се врати на почитувањето на своите обврски.

Веднаш реагираше Рохани и тој се закани на Европа по ескалацијата на тензиите меѓу Иран и САД.