October 23, 2021 00:57
Македонија

Рончевиќ: Нудиме европски и бесплатни студии за студентите од Македонија

Кризата со COVID 19, минатата година, го погоди целиот свет и ги промени начинот на размислување, работа и живеење. Како и дали оваа криза влијаеше и на Вашиот процес на едукација?

Пандемијата COVID 19 многу силно влијаеше на образованието и бројни институции имаа сериозни проблеми со транзицијата кон новите облици на учење. Но, на нашиот факултет не ја почувствувавме кризата. Се подготвувавме за информатизација на студискиот процес уште пред пандемијата и изградивме инфраструктура за пакетот Study+. Оваа инфраструктура, која опфаќа Clevertouch паметни табли, Polycom конференциски системи и интеграција со Moodle и Zoom, овозможува високо-квалитетни хибридни начини на учење, кои овозможуваат, во текот на наставата и во реално време, да соработуваат студенти кои се наоѓаат во нашата предавална во Љубљана или во својот кабинет или во која било држава во светот.

Како Факултет за применливи општествени студии и Факултет за медиуми сте присутни на македонско тло во потрага по идни студенти кои ќе учат на овие европски високо-образовни студии. Што нудите на нашите студенти?

Нашите факултети, многу години, се присутни на меѓународниот пазар на високо образование. Не е изненадување што, речиси, четвртина од нашите студенти се странци. Нивниот број расте од година в година, што значи дека добро работиме и нудиме квалитетна образовна услуга. Најмногу од студентите се од Југоисточна Европа, но и од други држави. Годинава, освен од Словенија, нашите студенти доаѓаат уште од 18 други држави. 

Кои образовни студии ги нудите и што може да одберат студентите? Кои образовни профили може да ги продуцираат Вашите факултети?

На нашите два факултети, кои наскоро ќе се спојат во еден, нудат поголем број студии на сите три нивоа на студии. Прво, во општествените науки, нудиме додипломски студии по Социјален менаџмент и магистерски студии по Меѓукултурен менаџмент. И двете студии имаат и концесија, значи студентите од Македонија може да студираат без да плаќаат школарина. Друго, нудиме додипломски и магистерски студии по психосоцијална помош и советување. Трето, имаме и студии за комуникација и медиуми, исто така на додипломски и мастер ниво. Но имаме и две докторски програми, Социологија и Стратешко комуницирање.

Освен формалното образование, на факултетите имате и многу проекти на кои работите. Колку сте успешни во поврзување на академската теорија и практичниот живот, секојдневието?

 На Факултетот имаме многу меѓународни, а и помал број домашни проекти, кои нудат нови информации и знаења, како и можности студентите да се вклучат во нивна реализација. Инаку, општествениот живот на факултетот е многу богат, има многу активности, меѓу кои и редовни годишни екскурзии во Брисел, Женева и слично. Нашите студенти се многу задоволни, покажуваат годишните анкети за задоволство на нашите студенти и нивниот број постојано расте.

Што доколку повторно се појави COVID и сите мерки на претпазливост? Како ќе студираат студентите?

Подготвени сме за COVID-19 целосно. Доколку се случи, а се надеваме дека нема да има повторно затворање на институциите, веднаш ќе преминеме на хибридната или онлајн варијантата. Нашиот систем Study+ на студентите им овозможува редовно студирање дури и доколку, поради приватни или службени причини, одлучат да останат во Северна Македонија.

Ultra B Episode 1

AnimeHeaven: Hashirama Senju vs Madara Uchiha anime episode Full online free at https://animeheaven.pro one piece anime heaven

KissAnime Watch english anime Online in HD for FREE

AnimeTV: Phantom: The Animation (Dub) anime episode 3 online free at https://animetv.cc animetv kimetsu no yaiba

Guides: https://guides.co/p/kissanimemx

Recordsetter: https://recordsetter.com/user/gogoanimebe