November 26, 2022 14:15
Спорт

Роналдо: Јас сум единствениот што постигнал гол на пет светски првенства по ред и горд сум на тоа

Португалскиот фудбалски репрезентатив ц Кристијано Роналдо проговори за рекордот по голови на Светските првенства.

Роналдо постигна гол на пет Мундијали ред. Против Гана вчера реализираше пенал на СП 2022 година.

– Ова е одличен момент – гол на моето петто Светско првенство. Победивме, добро го започнавме турнирот. Многу важна победа. Знаеме дека во вакви натпреварувања клучна е победата во првиот натпревар. И уште еден рекорд, да. Јас сум единствениот кој постигнал гол на пет Светски првенства по ред и горд сум на тоа. Драго ми е што тимот покажа одличен фудбал. Беше тешко, но остваривме заслужена победа. Поглавјето во Манчестер јунајтед е затворено, јас сум фокусиран само на Светското првенство. Победивме, му помогнав на тимот. Останатото не е важно, рече 37-годишниот.

Следен противник на Португалија е репрезентацијата на Уругвај (28 ноември).