November 25, 2020 23:08
Спорт

Роналдо се погрижи Јувентус да ги освои бодовите против Калјари

Два гола на Кристијано Роналдо му беа доволни на актуелниот италјански фудбалски првак  Јувентус да го победи Калјари на домашен терен (2:0) и привремено да ја подобри својата позиција на табелата во Серија А. Гостите од Сардинија само на почетокот покажаа поголема желба да го совладаат Буфон, но откако Јувентус ја презема доминацијата, набрзина постигна два гола и до крајот рутински го заврши натпреварот победнички.

Роналдо го отвори резултатот во 38. минута, а четири минути подоцна зголеми на 2:0, што беше и конечен резултат. Јувентус не реализираше неколку шанси да слави поубедливо, двете екипи имаа по еден поништен гол поради офсајд, а Калјари го заврши мечот без удар во рамките на голот на противникот.

Јувентус со вечершниот триумф стигна  до 16 бодови, еден помалку од лидерот Милан, кој утре му гостува на Наполи. Калјари досега освои 10 бодови.