February 29, 2020 01:42
Спорт

Роналдо нов рекордер со постигнати голови на квалификациски мечеви за ЕП

Португалскиот фудбалски интернационалец  Кристијано Роналдо собори европскиот рекорд според бројот на постигнати голови во квалификациските натпреаври за пласман на европските првенства. Со своите постигнати последни четири гола на мечот против Литванија играчот на Јувентус стигна до бројката од 25 гола на 31 настап за Португалија во квалификациските настапи.

Роналдо го собори рекордот на Роби Кин од Р. Ирска, кој досега беше неприкосновен на листата со 23 постигнати гола. Со новите четири гола Роналдо стигна до бројката од 702 постигнати гола во својата кариера.