June 21, 2021 18:11
Спорт

Роналдо не му се налути на Пирло оти го извади од игра

Јувентус успеа да го победи Интер (3:2) во италијанското фудбалско дерби, кое беше одбележано со несигурните, а дел веројатно и погрешни одлуки на судијата Калварезе. Домаќините победија  со гол од пенал постигнат во финишот, а со тоа ги задржува теоретските шанси да избори место  за настап во Лигата на шампионите.

Тренерот на „старата дама“ Андреа Пирло направи невообичаен потег откако го повлече Кристијано Роналдо во 70. минута, но во моментите во кои Јувентус имаше фудбалер помалку по исклучувањето на Родриго Бентанкур.

– Мислам дека ова беше првпат Роналдо да биде среќен поради замената. Имавме фудбалер помалку и ќе бркаше сенки до крајот на средбата. Беше среќен и се смееше во соблекувалната, – изјавил Пирло.

Тој даде објаснување и зошто Јувентус не направил „шампионски шпалир“ за новиот шампион Интер на стадионот во Торино.

– Јувентус како клуб му честиташе на Интер за титулата и мислам дека тоа е доволно. Јувентус девет сезони по ред беше шампион, па никој не му направил „шпалир“, одговорил тренерот на „старата дама“.

4Anime my hero academia heroes rising 4anime: DARLING in the FRANXX (Dub) (https://4anime.biz/m/m1Dp) Episode 24

WCOStream anime: My Hero Academia (Dub) (https://wcostream.cc/m/ae1K) Episode 13