November 16, 2019 03:40
Спорт

Роналдо: Не бркам рекорди, тие ме наоѓаат мене

Капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо по мечот со Украина (1:2) на квалификацискиот турнир за ЕУРО 2020, се осврна на постигнувањето на 700. гол во неговата кариера.

  • Не секој може да ја достигне таа бројка. Благодарност до моите соиграчи и тренери кои ми помогнаа да станам играч каков што сум. Разочаран сум што не победивме, но горд сум на тимот. Не бркам рекорди, тие самите ме наоѓаат. Без опсесија, тие самите доаѓаат, изјави Роналдо.

Тој головите ги постигна настапувајќи за Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и репрезентацијата на Португалија.

Нови вести

Митревски пред дуелот со Севехоф: Нема да се предадеме, ќе излеземе да се бориме за секоја топка

Filip

Алушовски: Да бевме комплетни, ќе бевме големи фаворити против Савехоф

Filip

Македонија тренираше во „Ернст Хапел” стадион пред натпреварот со Австрија

Filip