November 26, 2020 10:50
Спорт

Роналдо конечно негативен на коронавирус

Кристијано Роналдо повторно се тестираше на коронавирус и овојпат е негативен.

Португалскиот фудбалер беше позитивен на COVID-19 на тестирањето на 13 октомври и оттогаш беше во карантин.

На тестирањето пред завчерашиот натпревар со Барселона во рамки на ЛШ, каде требаше да се соочи со ривалот Лионел Меси за првпат откако заигра за италијански Јувентус, повторно беше позитивен и упати јавни критики за ПЦР тестовите.

Сега асот на „Старата дама“ наводно е опоравен и конечно го доби првиот негативен тест на коронавирус.

Веста прв ја објави угледниот италијански фудбалски новинар Фабрицио Романо, преку Twitter.