February 25, 2021 08:03
Спорт

Роналдо и Меси одбиле по шест милиони евра за рекламирање на Саудиска Арабија

Двете најголеми светски фудбалски имиња на денешницата, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, одбиле понуди во висина од по шест милиони евра на годишно ниво за рекламирање на Саудиска Арабија, објави денеска лондонски „Телеграф”.

Според британскиот весник, со договорите било предвидено напаѓачот на Јувентус и капитенот на Барселона да учествуваат во рекламни кампањи за туристичка промоција на Саудиска Арабија, како и нивни повремени посети на оваа земја.

Саудиска Арабија е изложена на меѓународни критики за кршење на човековите права во земјата и настојува преку спортот и кампањата „Посети ја Саудиска Арабија” (Visit Saudi) да го подобри својот меѓународен углед.

Саудиска Арабија минатата година беше домаќин на завршниот турнир на шпанскиот фудбалски Суперкуп, на кој победи Реал Мадрид.

Watch Yashahime: Princess Half-Demon Episode 10 (https://animeheaven.pro/m/oyJo/ep-10) at website https://animeheaven.pro dragon ball super anime heaven

Cells at Work! CODE BLACK! Episode 5 at Funimation steins gate funimation