December 15, 2019 11:39
Спорт

Роналдо го сака Погба во Јувентус

Sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, даде „зелено светло” за привлекување на Пол Погба во составот на тимот од Торино. Идејата да се врати Французинот на стадионот „Јувентус” датира од летото, но тогаш до трансфер така ине се стигна.
Газдите на „бјанконерите” сега размислуваат дали да направат понуда во јануари и го побарале мислењето на Роналдо, кој ја одобрил идејата, според „Ел Десмарке”.

Јувентус го привлече Погба од Манчестер Јунајтед на слободен трансфер во 2012 година. Французинот ги разви своите вештини во составот на Торино, по што беше продаден повторно на „црвените ѓаволи” за 94,5 милиони фунти во 2016 година.

Сепак, неодамна се појавија нови информации дека Погба не е задоволен на „Олд Трафорд” и сака повторно да си замине, а Јуве се на пол-позиција за неговиот потпис. Реал Мадрид исто е заинтересиран за 26-годишниот играч од средниот ред и може да вклучи во трансфер борбата за неговите права.

Нови вести

Селадес и Зидан заедно играа на 41 меч, а вечерва ќе се надмудруваат како тренери

Igor

Гвардиола: Сити му помогна на Ливерпул да стане тоа што е сега

Igor

(ВИДЕО) Дончиќ се повреди, Далас загуби

Igor